Родители внимавајте: Педофил мамел деца на Фејсбук со овие пораки - не ни насетил кој е од другата страна

Детенце од Србија било спасено од канџите на педофил, откако открило на својот татко дека некој човек пишува чудни пораки.

35-годишниот М.М. направил лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук, на кој мамел деца. 

- Јас своето дете го предупредив да не прифаќа непознати на фејсбук, а пред некој ден дојде кај мене и ми рече дека некој чичко и пишува чудни пораки, вели таткото.

Инаку, детето го прифатило човекот бидејќи нејзините чичковци биле заеднички пријатели.

- Седнав јас да комуницирам со него наместо мојата ќерка. Ми прати 5-6 пораки меѓу кои млада си, може да се видиме. Веднаш сфатив со кого си имам работа, па одговорив може, вели таткото и додава дека педофилот почнал да пишува како сака да се бакнуваат и мазат.

- Ми се ледеше крвта во вените од тоа какви гадости можеше да доживее моето дете, додава таткото.

Таткото за српските медиуми вели дека ја раскажува приказната за и другите деца да се спасат навреме и за да упати апел до родителите да внимаваат.

 

 

 

 

 

 

29.05.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега