За сите практични домаќинки - еве што отстранува бигор и нечистотија од машината и цревата

Ви се случило ли да извадите свежо испрани алишта и да сфатите дека не мирисаат како што треба?

Една од причините за тоа е неправилното одржвање на машината за перење. Таа се користи често и затоа треба да се одржува. Со овие две состојки, нејзиното чистење ќе биде едноставно и делотворно.

За да се ослободите од непријатните мириси, но и бигорот, потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома: оцет и сода бикарбона.

Постапка:

Во бубањот ставете 100 грама сода бикарбона и додадете 1 литар алкохолен оцет. Вклучете ја машината да пере без алишта и подгответе се за чудо. Оваа мешавина на состојките ќе ги уништи сите непријатни мириси во машината и ќе го исчисти цревото.

 

 

 

26.05.2017 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега