ВИДЕО: Мало, слатко чудо - има само 2 години, а како од шега ги знае овие работи

Саид Сакиќ од Сребреница има две години и е чудо од дете.

Во градинката во која оди, откриле дека Саид знае да распознае повеќе од 60 знамиња на држави ширум светот.

Имињата на државите сѐ уште не може правилно да ги изговори, но нема проблеми со идентификација на знамињата.

Знамето на Германија е првото што го запаметил, а подоцна помнел по тр знамиња, така што денес знае да препознае до 60 знамиња.

Освен тоа препознава бои, симболи на автомобили, а во последно време почнал да се интересира и за букви.

Неговиот татко вели дека дека забележале уште од раѓање дека Саид е натпросечно интелигентен, а како и секој родител очекува сѐ најдобро за своето дете, но ќе пушти Саид сам да одбере со што сака да се занимава. Дотогаш, нека си игра, бидејќи освен што е исклучително паметен, тој е и многу друштвен.

 

 

 

25.05.2017 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега