Потресна исповед на родителите чии заљубени деца загинале во Манчестер

 

 

Идентификувани биле уште две жртви од бомбашкиот самоубиствен напад во Манчестер, а станува збор за 17-годишната Клои Рутерфорд и нејзиното 19-годишно момче Лијам Кари.

"Таа вечер нашата ќерка умре и нашиот син умре, нивните крила беа подготвени, но нашите срца не беа", навеле во заедничкото соопштение семејствата Рутерфорд и Кари. 

Тие навеле дека Клои и Лијам "живееле за тоа да истражуваат нови места и различни градови".

"Сакаа да бидат вечно заедно, а сега и се", навеле семејствата на убиениот пар. 

 

Во нападот во "Манчестер Арената" во понеделникот биле убиени 22 лица.

 

 

 

25.05.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега