Бијонсе најми тим кој треба да ја однесе на породување

Иако првичниот план било Бијонсе на породување да ја однесат со хиликоптер, таа се одлучила да патува со автомобил и најмила тим кој ќе се погрижи да ја однесе во болница.

Со оглед на тоа што терминот за породување е се поблиску, пејачката ангажирала тим кој треба да смисли најбрз и најбезбеден начин од нејзиниот дом во Лос Анџелес до медицинскиот центар Цедарс-Синаи.

 

– Многу се нервозни и ги бараат најдобрите опции. Секој ден имаат вежби за патување до болницата и тоа во различен дел од денот, како би биле подготвени на гужви во сообраќајот. Мислеа дека ќе биде најдобро да ја пренесат со хеликоптер, но на Бијонсе не и се допадна таа идеја, па се откажаа од тоа – посочил извор близок до пејачката.

 

На Бијонсе и било важно до болница да ја однесат најбрзо што можат и од своите вработени очекува војнича прецизнот. Таа носи близнаци.

 

 

 

25.05.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега