Преполовен автомобил во страшна сообраќајка- две лица загинати

28- годишниот Ален Крижаниќ од крижевачката приградска населба Каревдар и 17- годишната Петра Шантак , која живеела во Крижевцима во Хрватска, загинаа на лице место во сообраќајна несреќа, додека две лица кои се наоѓале со нив на задното седиште од новиот мерцедес со C класа, поминале со полесни повреди. Станува збор за мажи од 50 и 46 години.

Според очевидците, тројката ја собрале Петра по нејзината смена во кафичот каде работела како конобарка, па ја возеле дома. Но, никој не знаел што било повод за брзото возење на младиот Ален, кој требало да овој викенд се врати во Германија каде бил вработен во последните неколку години во Мерцедес.

Еден од преживеаните присутни на местото на несреќата раскажа како Ален го предупредувале на брзината и дека не им било јасно зошто брзал со 190 километри на час во Загребачката улица и брзал низ раскрсницата без запирање.

Од силината на ударот столбот во кој утриле пукнал на три места, а еден од преживеаните совозачот излетал од возилото низ ветробранското стакло, додека самиот автомобил се забил во коритото на потокот. Среќа во несреќа е што водостојот не бил повисок, затоа што преживеаните сигурно би се удавиле пред да службите успеат да ги извлечат.

Дополнителен напор правела и новата каросерија на возилото чиј лим едвај успеале да го пресечат и на моменти дури и морале да сечат и под водата, што досега не го правеле тоа. Сепак успеале да ги спасат. Другиот совозач бил без свест и лежел на тревениот дел од коритотот.

Локалните  жители не паметат ваква сообраќајна несреќа. На никого не му е јасно што претходело за ваквото брзо возење. Обдукцијата ќе покаже дали „кумувал“ алкохолот“ или нешто друго.

 „Младите веројатно претерале малку со пијалокот и завршиле лошо“, изјави една од тамошните жителки Царевдара.

 

 
 

 

 

20.05.2017 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега