Замина уште една легенда- почина популарниот српски пејач

Во Нови Сад на 73 годишна возраст почина Милан Мутавџиќ, познат музичар.

Имал богата музичка кариера, а популарноста ја стекнал како тапанар и вокален солист.

Кариерата ја започнал кон крајот на 60- те години, кога на Младинскиот фестивал пеел песна „Сите мои пријатели“ и со неа постигнал огромен успех. Учествувал на Опатискиот фестивал во 1973 со песната „Ако ја слушаш оваа песна“ и со тоа станал познат на широката јавност.

Наредните години заминува на двомесечна концертна турнеја во СССР со ансамблот АБЦ, под раководство  на познатиот новосадски композитор Ангел Влатковиќ, а од 1975 година станува член на новосадската група „Неопланти“, како тапанар и вокален солист.

 

 

 

19.05.2017 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега