Ова е навистина премногу- гробиштата раскопани, а труповите изгорени

Хрватска, покрај уништувањето на книгите на кирилица, забраната за употреба на кирилица на јавни места, петицијата за повторно воведување на поздравот „За дом подготвени“ во хрватската војска, уништува и многу други траги од Србите.

Имено, како што се дознава во последните 50 дена во Книна, раскопани се стотина православни гробови, спомениците се претворени во песок, а покојниците се избришани од регистерот за да се уништат трагите дека некогаш биле закопани на тие гробишта. За овој чин, голем број семејства ќе поднесат тужба против Хрватска.

Иако, „Градско зеленило и чистота“ од Книн на спомениците залепиле известување во кое се наведува дека гробиштата се сметаат за напуштени затоа што 10 години не е платено одржување, постои информација дека известувањето било неселективно залепено и на гробовите чии семејства уредно плаќале гробен надоместок.

Дека зад овој чин не се крие само „неплаќање за одржување на гробните места“, вели и аналитичарот Саша Боројевиќ, со коментар кој вели дека овде станува збор за „проусташко- фашистички чин со настојување да се избришат трагите на една јавна институција и постоењето на Сбите во Книн“.

 

 

 

19.05.2017 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега