Има три дипломи, четвртата стигнува, а постојано ја одбиваат за работа

Историја на уметност, компаративна книжевност, географија – насока градинарство и туризам – на сите тие дипломи стои нејзиното име. Наскоро доаѓа и четвртата диплома, таа од теологија. Но и покрај тој список, никако не може да дојде до работа.

Се пријавив на повеќе од 30 различни конкурси“, вели Ивес Водановиќ Лукиќ (30).

На молбите или не добивала одговор или ја одбивале. Причините се бизарни, пишува Дневник.хр.

„Непризнавањето на географија на конкурстите каде се бара друштвени професии, па се до тоа дека не приложила венчален лист и не биле сигурни за мојот индентитет. Потоа непризнавање на TEOFL меѓународен сертификат за англиски јазик кои се признава секаде во светот“, вели Ивес.

Четири месеци минала и на академијата за развој на културно-туристички производи во Анкона. Ни тоа не помогна.

„Не седам дома и не чекам да некој ме повика, се развив и продолжувам да го развивам и понатаму моојот проект за културен туризам за збогатена понуда на културниот туризам во Загреб“, нагласува Ивес.

 

 

Foto: Foter/Victor 1558

 

Работи и хонорарно, но, вели, дека на тоа не може да ја гради својата иднина.

„Оваа ситуација е тешка поради тоа што цело време е во статус кво, и не можеш да планираш“, ни во блиска, а камоли па во далечна иднина“, објаснува таа.

Остави и горчлив вкус во устата по година дена одбивања, пишува Дневник.хр.

„Навистина имам што да кажам, имам еден куп идеи, проекти и мислам дека некои работи би можеле да ги раздвижам и променам, но едноставно за тоа немам шанса“, вели Ивес.

 

Foto-ilustracija: Profimedia/Wavebreak

 

И тоа во земја која ја базира својата економија на туризам, која има толку културни гранки кои туристички се неискористени. А хуманистички науки, смета Ивес, баш тука има доста на тоа да каже.

„Се повеќе мои колеги кои беа најдобри студенти, најперспективни во своите струки – заминуваат и тоа многу веројатно засекогаш и некако се прашувам, кој утре ќе работи, ќе ја менува Хрватска на подобро“, се прашува на крајот Ивес.

 

 

 

19.05.2017 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега