Гром удри во куќа на пензионерка- несреќната жена скокнала од прозорец за да се спаси

Денес околу 17 часот во Ниш имало невреме, со многу грмежи, па гром удрил во куќата на пензионерката 62- годишната Лиљана Стојаковиќ од селото Долно Меџурово.

Несреќната жена се спасила од пожарот кој го предизвикал громот, така што скокнала од прозорецот,а при гасење на пожаро и помогнал соседот Живомир.

-Сеуште сум во шок и неможам да поверувам што преживеав, викнавме и брза помош, поради стресот кој го преживеав- раскажува таа

-Ги хранев животните во шталата и слушнав дека Лиљана вика „Помош„ па видов пламен од нејзината куќа. Не се двоумев многу, го грабнав противпожарниот апарат и отрчав да помогнам.Беше страшно, гром го погодил струјомерот, а броилото беше стопено од толината, па морав да внимавам и од струен удар, но морав да и помогнам на кутрата жена која е вдовица- вели соседот

Повикана била и служба за гаснње на пожарот кои и кажале дека таа сама ќе ги сноси трошоците од штетата која е направена.

 

 

 

 

 

05.05.2017 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега