Пронајден колец покрај убиената жена на железничка

Тело на непозната жена пронајдено е вчера околу 10.50 ачсот во вагон кај Железничката станица во Белград, дознава српски Курир.

Според неофицијалните сознанија телото го пронашло момче во жолто-портокалов патнички вагон паркиран на спореден колосек недалеку од сместувањето за железничарите.

Покрај убиената жена, е пронајден и крвав колец, а полициајта претпоставувава дека токму со него е извршено убиството.

Во меѓувреме полицијата на информативен разговор го приведе момчето од 20-тина години кој утрото го пронашол телото.

Жената имала повеќе удари во главата и по телото најверојатно нанесени со цврст, но тап предмет. Се претпоставува дека е стара околу 40 години, но е непознато дали е силувана и дали има и други повреди по телото, дознава Курир.

Телото е испратено на обдукција, по што треба да се утврди нејзиниот идентитет и причината за смртта.

 

 

 

02.05.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега