Хардинај: Ова е победа на Албанците

По одлуката на судот во Колмар да го одбие српското барање за екстрадиција на Рамуш Харадинај, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово изјави дека „ова е победа на Албанците“ и дека тој од денеска е слободен човек.

Харадинај им се обрати на своите приврзаници пред судот кажувајќи дека „оваа битка е добиена“ и им се заблагодари на поддршката.

Одлуката на судот за ослободувањето на поранешниот косовски премиер во судницата беше дочекана со аплауз.

- Бидејќи сега сум слободен, одам во Стразбур да си го вратам пасошот. Се надевам дека денеска ќе се вратам во Косово. Изгубени се четири месеци, времето е драгоцено, рече Харадинај.

На веста за одлуката на францускиот суд да го одбие барањето на Србија, неговата сопруга Анита  изјави дека „правдата  е бавна, но достижна“.

- Победивме. Минавме непотребни и напорни процедури. Оваа ситуација не исцрпе сите нас овде на Косово. Им благодарам на сите за поддршката што ни ја дадоа. Ова е потврда дека војната на ОВК беше оправдана, рече Анита Хардинај, пренесе Лајми.нет. 

 

 

 

27.04.2017 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега