Судот одлучи: Ослободен Рамуш Харадинај

Францускиот суд во Коламру го одби барањето  на Србија за екстрадиција на поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај.

Тој ќе биде ослободен, а во Коламру во тек е седница, на која е донесена одлука по барањето на Србија за екстрадиција на Харадинај, по кого се трага за воени злосторства врз Србите во текот на 1998 и 1999 година, јави Танјуг.

Харадинај во судницата пристигнал десетина минути пред почетокот на седницата, каде го пречекале бројни приврзаници, а во преносот во живо на приштинските медиуми се гледа зајакнато полициско обезбедување.

Српското обвинителство го товари Харадинај за воени злосторства на Косово и Метохија кон крајот на ’90-те години од минатиот век.

 

 

 

27.04.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега