Сведоштвото на соседите ја зачуди полицијата: Зошто се случи трикратното убиство?

Во селото Барич во Србија утрово се случи незапаметен масакр, кога 77-годишниот Божидар Д. со пиштол си ги уби својата сопруга, синот, шурата, а тешко ја рани снаата која сеуште се бори за живот. По крвавиот пир тој си го одзеде животот со куршум во главата. Самоубиството го изврши во црква.

Сепак, полицијата која од утрово со полна пареа работи на случајот забележа нешто многу чудно. Семејството кое до вчера живеело во Австралија, а од неодамна се вратило, важело за угледно и мирно, никогаш немале проблеми, биле културни со соседите и затоа цело село е во шок за тоа што се случило. Нивното сведоштво не се вклопува со приказната за монструмот кој на улица трчал по членовите на семејството и пукал кон нив.

Неофицијално, тие се скарале дома за ТВ антена. Полицијата е на терен и го истражува случајот.

 

 

 

 

24.04.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега