ФОТО: Си пукал во глава во црква - ова е местото каде се случи незапаметениот масакр

Старецот Божидар Д. денеска го уби цело семејство и си пукаше во главата во црквата Свети Архангел Михаил во Србија, во селото Барич. 

Неофицијално, српскиот Курир пишува дека злосторството какво што регионот не памети, се случило поради антена. Имено, пензионерот кој досега со семејството живеел во Австрија, се вратил неодамна, но немал никакви семејни проблеми, барем како што велат соседите.

Тој утрово прво го убил шурата на сред улица, па тргнал по сопругата која тргнала кон родителите. Тој ја стигнал и пукал кон неа. Потоа го убил и синот, а снаата тешко ја ранил во нивниот дом.

По крвавиот злочин,откако убил три лица, Божидар си пукал кај селската црква и тоа во главата.

Ова е црквата каде се случило незапаметеното злосторство.

 

 

 

 

24.04.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега