Трагедијата на Марија ги шокираше сите- го напиша овој статус на Фејсбук, па скокна од зградата

Незапаметена трагедија се случи во Србија ноќта на Велигден, кога мајка на две деца се самоуби со скок од зграда. 

Српскиот Куир пренесува дека 31-годишната Марија Пауновиќ од засега непознати причини ноќта на најголемиот и најтежок христијански празник, скокнала од еден од највисоките солитери во Белград. Несреќната жена која скокнала од седми спрат давала знаци на живот кога дошла Итната помош, но за жал набрзо починала, а докторите и покрај напорите не можеле ништо да направата за да ја спасат.

Станарите се во шок, никој не видел што се случило, а и не знаат кој би бил мотивот. Велат дека работела во агенцијата за чистење и дека жената ја одржувала и нивната зграда. Таа не живеела во зградата од која скокнала, туку само работела.

-„Секоја слика е спомен од нешто убаво, секоја слика која е спомен понекогаш е болна. Те сакам, пиле мое и ќе се борам за вас до крај. Нека се знае дека нема да се откажам, иако сега немам услови. И моите солзи ќе поминат и ако нема правда на овој свет, ќе верувам во Бога.“ напишала Пауновиќ.

Една од нејзините последни пораки на 7. април е таа кога порачува дека ќе се бори.

-„Не ми е срам што рацете ќе ми се извалкаат од работа, на тој начин ќе се зодадат услови за моите деца, чесно ќе се борам и понатаму.“- напишала Марија на својот профил.

 

 

 

18.04.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега