Шверцувале дрога- уапсени полицајци и цариници

Албанското обвинителство денес соопшти дека се уапсени 10 полицајци и 8 цариници под сомнение дека организирале шверц на канабис до Италија.

Воо соопштението стои дека уапсените имале соработка со два случаи, кога во Италија биле пронајдени камиони со 11 тони марихуана, кои во таа земја пристигнале од Албанија.

Доколку бидат осудени за шверц на дрога, казната може да достигне времетраење до 20 години затвор.

 

 

 

17.04.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега