Стручна работилница за сметководители за подобрување на условите и квалитетот на сметководството

Подобрување на условите и квалитетот на сметководствената професија, преку имплементација на најдобрите меѓународни практики е целта на стручната работилница на сметководители со меѓународно искуство во организација на Институтот на овластени сметководители и сметководители (ИСОС) и Сојузот на сметководители на Република Македонија.

Еминенти предавачи од Институтот на овластени сметководители на Англија и Велс (ICAEW) ги споделија најсовременти практики во областа пред овластените сметководствени институции во Република Македонија, кои по завршувањето на дводневната работилница ќе се стекнат со Сертификат за обучувачи за квалитет, при што македонските сметководствени компании ќе имаат уникатна можност со своето учество да го усовршат сопственото работење.

Прес-конференцијата ќе се одржи утре во хотелот „Парк резиденс“ во 10.30 часот.

 

 

 

04.04.2017 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега