Случајност или ликвидација- Адвокат мистериозно падна од зграда

Рускиот адвокат Николај Гороков се здоби со тешки повреди, откако во вторникот паднал од зграда. Руските медиуми пишуваат дека Гороков паднал од зградата, додека им помагал на работниците во дизајнот на џакузито во својот апартман на четврти спрат.

За разлика од руските медиуми кои наведуваат дека станува збор за несреќен слуја, британскиот бизнисмен Вилијам Браудер, за кој своевремено Гороков работел, за Би- Би- Си изјавува дека е обид за убиство: 

-„Гороков е фрлен од зградата.“- рекол Браудер, кој истакна дека тешко повредениот адвокат требало да се појави на суд со нови докази за неговиот случај, за проневерата која ја открил.

 

 

 

22.03.2017 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа