Оваа снимка 17 години беше тајна: Откриени морничави детали од убиството на Аркан

Минаа 17 години од убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан и понатаму ја интригира јавноста. Кој е вистинскиот нарачател за ликвидацијата бидејќи  се уште не се знае, пишува Српски Курир

Тој 15. февруари 2000 година пред „Интерконтинентал“ околу 17 часот застанеле два автомобили. Од опел калибра излегле Драган николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ кои биле познати полицајци. 

Од другото возило марка Голф излегол Зоран Николиќ Пегла како и прпадникот на Втората чета на Првиот баталјон на полициската бригада на СУП Белград, Даброслав гавриќ. 

Пегла останал на паркингот додека овие тројца влегле во холот подготвени за да почне трострукото убиство. Во холот била невидена гужва. Аркан седел на сепарето недалеку од рецепцијата. Во хотелот дошол со сопругата Светлана Цеца Ражњатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителит Звонко Матеовиќ.

Додека сестрите разгледувале по бутиците, Аркан седел со друштвото во холот. Неколку минути после 17 часот му пришле Гаги и Мики. 

Се ракувале со Аркан се бациле со Манда и тргнале кон скалите кои воделе до салите за свадби. Гавриќ седел на другото сепаре, неколку метри позади грбот на Аркан. 

Минута подоцна, Гавриќ станал од столот. Под капутот извадил пиштол. Три куршуми испукал во Аркан. На подот на хотелот паднале чаурите, чашите, флашите гстите легнале на пдоот. Полицијата на лице емсто дошла брзо, но не и Брзата помош. 

Аркан со БМВ бил пренесен на Ургентниот центар каде и официјално е прогласен за мртов. 

 

 

 

 

 

 

 

 

09.03.2017 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега