Нутриционистот на Ѓоковиќ ја откри страната на тенисерот која никој не ја знае

Новак и Јелена Ѓоковиќ се познати по тоа што водат сметка за нивната исхрана, како и за луѓето кои им ја припремаат храната, бидејќи мора да одоговараат на различни побарувања.

На менито на семејството не се наоѓа било што, туку исклучиво одбрани намирници.

Маја Волк, позната како успешен драматург и професорка, која инаку и припрема веганска храна, имала доста проблеми поради ова семејство.

Таа изјавила дека луѓето во неа гледале како причина зад секој неуспех на тенисерот.

"Ние немавме потпишано никаков договор, ниту пак јас им бев лична готвачка. Јас им припремав, тие плаќаа и тоа е тоа. Инаку, сме во одлични односи.“- изјави Маја Волк.

"Ми беше навистина стресно што ме кривеа за неуспесите, никогаш не очекував дека блиските луѓе може такво нешто да мислат за мене. На крајот на краиштата, кога се ќе се собере, никого јас со свои раце не го хранев. Многу незнаење, малициозност и многу е грдо, првенствено за него, што такви коментари се изнесуваат во јавност.“- заклучи Маја Волк.

 

 

 

09.03.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега