Не можеше да ја преболи смртта на ќерката: Ова е последната желба на загинатата пратеничка

Посмртните останки на Нада Бодрожиќ ќе бидат положени во гробот покрај нејзината ќерка Ивана.

Тоа, како што се наведува, било нејзина последна желба. Нада сака да биде кремирана и нејзината урна да се положи покрај ќерката и сопруот Илија во Сириг. 

Foto: Facebook/Nada Bodrožić

Нада загина во неделата вечер додека се враќала од гробот на ќерката во Ченеј. Телото  е пронајдено дури утредента во 7.30 часот, а причината за несреќата се испитува.

-Смртта на Ивана ја дотепа. Секојдневно во нејзината соба го полеваше цвеќето што заедно го одгледуваа. Цело време се трудеше да ја оставаи собата онака како што ја остави Ивана. Се повлече во себе и живееше мирен живот. Гледаше никому да не му нанесе никакво зло. Постојано повторуваше дека некој сака да го забошоти начинот на кој таа, раскажува роднина на Нада.

-Во една прилика ми рече дека само сака да склопи очи и да оди кај својата Ивана. Се што имаше даваше во хуманитарни цели, за деца, за нивно лекување. А последните година дена никој од колегите од Демократската партија не ја повика да види како е, иако таа беше нивен пратеник, но не се лутеше поради тоа, вели роднината.

Инаку, Ивана е пронајдена мртва 2014 година во соба во хотелот Хајат а во нејзината крв се пронајдени кокаин и пропофол.

 

 

 

08.03.2017 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега