ФОТО: Балашевиќ скршен од болка се прости од најдобриот пријател

Виртуозот на виолина Игнац Шен почина по кратко боледување. Маестро Игнац Шен, член на Големиот народен оркестар на РТ Војводина, ќе остане познат на пошироката јавност како виолинистот кој го свиреше со Ѓорѓе Балашевиќ, Звонко Богдан и други музичари. Ја имаше таа чест да свири и со Павароти, и никогаш не криеше дека музиката е неговиот живот.

Неговиот голем пријател, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, се прости со голема тага од него, вчера на погребот.

- Веќе нема да најдам пријател како тебе. Беше страшно харизматичен, ова е голема тага, истакна Балашевиќ.

Ова е само еден спомен од нив двајцата:

 

 

 

 

 

08.03.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега