Првиот паметен кондом во светот со интересни функции

Во продажба, за неколку недели би требало да се појави, како што е најавен „првиот паметен кондом на светот“. Новиот презерватив има прстен на сензори кои преку bluetooth ќе воспоставува контакт со мобилниот телефон. Ќе чини 74 долари и може да го запре пренесувањето на полови болести. 

До сега резервирани се 96.000 вакви кондоми.

Овој презерватив на сензори всушност не е вистински кондом, туку прстен кој се става врз презервативот и може да се користи долгорочно. Отпорен е на вода, лесен е и се полни со помош на Usb. 

Како што наведува компанијата Бритиш кондомс, кондомот може да регистрира полово преносливи болести како кандида и сифилис.

„Ќе можете да дознаете колку калории сте потрошиле за 20 минутен секс, траење на односот, колку различни позиции сте имале за време на целата недела.“- гарантира произведувачот.

 

 

 

07.03.2017 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега