Тажна вест- Почина големиот мајстор на виолината (ВИДЕО)

 

Виолинскиот виртуоз Игнац Шен почина денеска по кратко боледување.

Маестро Игнац Шен, член на Големиот народен оркестар на РТ Војводина, познат на пошироката јавност како виолинистот кој го свиреше со Ѓорѓе Балашевиќ, Звонко Богдан и други музичари.

Шен беше вистински виртуоз, а публиакта го почитуваше зошто со подеднаков жар и емоции свиреше и народна и класична музика, а неретко и рок и џез.

Виолината на Шен ги одбележи албумите на Балашевиќ „Напослетку“, „Дневник старог момка“, „Рани мраз“, а никого не остави рамнодушен кога со Балашевиќ ја отпеа нумерата “Твој неко“.

Маестрото ја имаше таа чест да свири и со Павароти, и никогаш не криеше дека музиката е неговиот живот.

-Секоја добра музика ја почитувам и кај мене нема разлика, зошто се трудам да звучам добро во секоја композиција, било да припаѓа на народната, староградската или класичната, а тоа значи дека музиката нема граници, изјави своевремено Шен и додаде дека кога повторно би можел да бира со што би се занимавал тоа би била музиката и неговата виолина.

 

 

 

 

06.03.2017 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега