Вујановиќ: Ќе ја поддржам кандидатурата на Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора

Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ изјави денеска во Сараево дека ќе го поддржи поранешниот премиер, актуелниот лидер на владејачката црногорска Демократска партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, во случај да одлучи да се кандидира за претседател на наредните претседателски избори. 

Сараевските медиуми јавија дека, Вујановиќ истакнал дека кандидатурата на Ѓуканивиќ за претседател на Црна Гора е реална опција. 

Вујановиќ, кој се наоѓа на дводневна посета на Босна и Херцеговина, нагласи дека со Ѓукановиќ е во честа и интензивна комуникација, и дека дури во една емисија навел дека ќе го препорача за претседател кога ќе дојде време за тоа. 

Тој додаде дека од Ѓуканивиќ не добил повратна информација, но и дека до претседателските избори во Црна Гора има уште време. 

Тој потенцираше дека негова желба е Ѓукановиќ да го наследи на таа позиција.

 

 

 

06.03.2017 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега