Повеќе од 20 пожари за време на викендот

Припадници на пожарникарната единица, за време на викендот интервенирале 20 пати на подрачјето на општина Пријеполе, Прибој и Нова Варош, поради пожарите кои биле предизвикани поради палење на ниски растенија.

Најкритично било на Кошевина, брдо над Пријеполе, каде што пожарот зафатил површини од 10 хектари борова шума, ниски растенија и ливади.

Пожарот можел да ги загрози објектите, меѓутоа со брза интервенција на пожарникарите тоа е спречено, но дошло и до оштетување на нископанонската мрежа.

Командантот на Пожарникарската спасувачка единица од Пријеполе, Вујадин Ковачевиќ, изјави дека за гасење на пожарот учествувале 3 пожарникарни возила.

Убавото време и зголемениот број на активности на земјодлеските имоти биле причина за овие пожари. Од пожарникарната единица апелираат до сите да не се пали оган на сопствените имоти за да не дојде до слични ситуации.

 

 

 

06.03.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега