Запад и Америка му вртат грб на Косово

Во моментов на Приштина ѝ е многу тешко да добие членство во Унеско, бидејќи некои католички земји одлучија да бидат воздржани, а Албанците повеќе немаат јасна поддршка од американската администрација, изјави белградскиот историчар и стручњак за верски прашања Александар Раковиќ.

Никој не гледа благонаклонето на рушењето на цркви и манастири во Косово и Метохија, тоа никој не може да го прифати.- нагласува Раковиќ.

Тој за една српска телевизија изјави дека Албанците намерно закасниле со поднесувањето на барање за членство во Унеско, по сугерирањето од америка дека тие нема да можат да се изборат за прием.

-„Поднесувањето на барање за прием на Приштина во Унеско беше усмерено кон тоа нивната јавност да биде свесна дека тие се обиделе и оваа година. Но, ако процедурално постојано ги одбиваат, тогаш ќе мора да кажат дека се одбиени и дека повторно ќе се обидат за две години.“- кажа Раковиќ.

 

 

 

 

 

06.03.2017 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега