ВИДЕО: Не ни треба ЕУ - студен пречек за Могерини и во Белград

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на посебната седница на српското Собрание ја дочека млако ракоплескање од пратениците, за разлика од силниот аплауз за премиерот Александар Вучиќ, нејзиното обраќање го следеше постојаното скандирање на пратениците од Српската радикална партија (СРС): „Србија, Русија, не ни треба Унијата“.

Пратениците на партијата „Двери“ со лидерот Бошко Обрадовиќ молчешкум стоеја со картони на кои на српски и англиски јазик пишуваше „Србија не му верува на Брисел“, додека радикалите скандираа и со рацете тропаа по пратеничките клупи.

Могерини, на почетокот од говорот, ги поздрави пратениците на српски јазик, наведувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија, а во текот на обраќањето на двапати се осврна на скандирањата против неа и Брисел - еднаш со забелешката дека подготвила подолг говор, а потоа и дека не се заморила, односно дека пратениците треба да ги „чуваат своите грла“ за обраќањата пред гласачите.

Пратениците на СРС уште на еден ден пред седницата најавија дека претседателската кампања практично ја почнуваат со попречување на посетата на Могерини

Претходно, во Црна Гора, Могерини беше дочекана од празни столчиња во Собранието.

 

 

 

03.03.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега