Тешка сообраќајна несреќа: Возачот почина на лице место, тројца се борат за живот

Едно лице почина, тројца се тешко повредени, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на патот кај Зрењанин, кога се судриле комбе и автомобил Фиат-пунто. 

За жал од тешките повреди со кои се здобил, на лице место починал 53-годишниот возач на автомобилот, додека три лица тешко повредени итно се однесени во болница со возило на Итна помош.

66-годишниот возач на комбето од Кикинда се здобил исто така со тешки повреди.

Несреќата се случила диноќа во 20 часот.

 

 

 

 

 

24.02.2017 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега