19-годишно момче ја малтретирало, ја тепало и на крајот ја заклало девојка си на паркинг

Вчера во Загреб била убиена 18-годишната Кристина Крапљан. Осомничениот за убиството е нејзиното поранешно момче, 19-годишниот Давид Комшиќ. Тој во нејзиниот автомобил на паркинг-просторот пред зградата во која живее ја избодел со нож. Умрела на самото место.

Давид Комшиќ, инаку, е син на познат угостител кој наводно гради хотел во Загреб.

Како што пишува „Индекс хр.“, осомничениот за убиството на 18-годишната Кристина од 2015 година имал забрана да ѝ пријде.

Нејзината мајка за „Индекс хр.“ рекла дека цело време ја напаѓал и ѝ се заканувал, а полицијата не преземала ништо. „Првпат ја тепал кај црквата, втор пат ѝ го земал мобилниот телефон, а третиот пат ѝ го кршел автомобилот. Четвртиот пат ја уби“, рекла мајката на убиената.

Кристина била физички нападната од Давид во ноември 2016. година. Додека возела со автомобилот, друг автомобил ѝ го попречил патот. “Познато лице тогаш го скршило прозорот на возачот и со помош на друго лице физички ја нападнало”, стои во документацијата во која имал увид Index.

Во тој контекст интересен е ѝ Инстаграм профилот на осомничениот Комшиќ. Така на една фотографија, на која на се гледаат полицајци, Комшиќ на овој начин ја искоментирал ситуацијата: “Кога ѓубреџии те бараат во недела во 8 наутро, а ти ги гледаш преку камера, на друга адреса во топол кревет”.

Покрај наведената фотографија, интересна е ѝ објавата покрај која напишал: “Бог простува, мафијата не”, која Комшиќ ја објавил неколку часа откако се случило убиството, но и статус на профилот на Инстаграм, на кој пишува: “Не жалам за лошите работи што сум ги направил. Жалам за добрите работи што сум направил за грешни луѓе”.

Мајката на жртвата на новинарката ѝ го покажала судското решение со кое на Давид Комшиќ му се забранува да ѝ се приближува на Кристина. Решението датира од 2015. година.

 

 

 

23.02.2017 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега