Голема трагедија: Ја пронашле 9 годишната ќерка Моника мртва на подот

Моника Зирдум (9) почина во семејната куќа во близина на Славонски Брод.

Никој се уште не може да поверува во оваа страшна вест, дека таква голема тага ќе го погоди нејзиното семејство, кога по падот на Босанска Посавина се доселила од родниот Жеравац недалеку од Дервента.

Се било како што треба, пронашле нов дом, изградиле куќа и стекнале нови пријатели.

Семјеството и пријателите се прашуваат нели доволно пропатиле поради она што ги снајде поголем дел од Посавјаните, на почетокот на деведесетите.

Моника, била омилена во семејството, во училиштетот и многу добро девојче кое сите го сакале.

-Неа ништо не и беше тешко. Во слободно време играше фолклор, сакаше да ја облече босанската народна носија. Сакаше спорт, и пред 2-3 години беше најмлад учесник во меѓународната трка на 24 км од Славонски Брод до Жеравац, родното место на нејзините родители, вели еден сосед.

Моника Зирдум во понеделникот околу 13 часот најдена мртва во семејната куќа. Несреќната ќерка на подот од дневната соба ја нашол нејзниот татко.

-Околу 12 часот и се јавила на мајки на работа и и рекла дека ја боли глава. Таа мислела дека и од студот, зошто никогаш претходно не се жалела дека нешто ја боли. Мајката и рекла полека да се спреми за на училиште, уверена дека главоболката ќе помине. Братот има три девојчиња, Моника е најмлада. Сите беа самостојни од најрано детство. Снаата работеше, а братот беше кај нашиот татко, кој е тешко болен. Кога дојде дома, затекна страшна глетка. Се обидел да ја оживее ќерката, а пред тоа повикал итна помош, која стигнала за 7 минути. Вложија надчовечки напори за да ја оживеат, се бореа за нејзиниот живот два часа, дури во неколку наврати срцето повторно и биеше, но набрзо потоа застануваше, раскажува низ солзи стрикото на Моника, Ивица Зирдум.

Според неговите зборови, полицијата извршила увид, а обдукцијата покажала дека нема знаци на насилство. Пожарникарите го проверија оџаците во куќата, но не најдоа никаква неисправност.

-За недела дена ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата, но лекарката ми рече дека дошло до излив на крв во мозокот и белите дробови. Никакви аномалии ниту вродени мани не се пронајдени. Им рекле во болница дека ќе се случело најлошото дури и ако Итната помош во тоа време била покрај неа или пак ако девојчето било во болница. Навистина не знаеме што е причината што се случи најлошото, вели стрикото Ивица.

Погребот на девојчето беше извршен во средата на Градските гробишта во Славонски брод.

 
 
26.01.2017 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега