Завеани училишта и градинки - снегот целосно ја блокираше Грција

Училиштата и детските градинки во реоните на градовите Јанина и Каламбака во западна Грција денеска останаа затворени поради новото влошување на временските прилики.

Како што јавија грчките медиуми, властите ја донеле ваквата одлука поради најавите на метеоролозите за надоаѓање на нов студен бран проследен со ниски температури и снежни врнежи.

Студениот бран што од почетокт на годинава ја зафати Европа, ја погоди и Грција донесувајќи ниски темпертури и обилни знежни врнежи, дури и на островите во Егејското Море, што е ретка појава.

Ваквите временски услови предизвикаа проблеми во сообраќајот и прекини во снабдувањето со вода и електрина енергија во одделни делови на Грција. 

 
 
16.01.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега