Сите се во шок: Ужасни детали за смртта на бебето најдено на депонија!

Цела Србија и регионот се зачудени од веста дека е пронајдено мртво бебе на депонијата во Врњачка бања. Обдукцијата откри страшни детали за смртта на новороденчето.

Бебето било живо 12 часа пред смртта. Самото тело било во засирена крв, а папочната врвца не била отсечена.

Се уште не се знае дали бебето е фрлено во некој контејнер или било донесено директно на депонијата.

Инаку, работниците од депонијата дента собирале ѓубре од контејнерите во Врњачка Бања и кога камионот бил полн го однеле на празнење на депонијата во Грачац.

Ѓубреџиите ја известиле полицијата, а увид извршиле и полицијата и истражен судија од Краљево, по што бебето е префрлено на обукција.

Додека ѓубреџиите го собирале ѓубрето не забележале ништо сомнително, туку кога го празнеле камионот забележале ќебе, од кое испаднало мртвото бебе.

 
 
09.01.2017 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега