Скандал: Полицајка се сликала гола во зградата на белгиското МВР

Службеничка во белгиското Министерство за внатрешни работи е суспендирана од должноста поради порнографските фотографии на кои се појавува, а кои биле снимени во нејзината канцеларија и лифтовите на зградата на Министерството, јавува „Би-Би-Си“.

gola-555

Жената која веќе шест години работи во белгиското МВР, тврди дека фотографиите се од приватна природа и немаат никаква врска со работата, но нејзините надредени не се согласуваат со тоа, бидејќи на фотографиите јасно се гледа и Министерството.

Неименуваната службеничка прво било откриена од француска телевизија во прилог за мажи и жени кои нудат сексуални услуги, а потоа на интернет се појавиле и нејзини фотографии на кои позира гола во просториите на Министерството и лифтовите на зградата во Брисел.

Нејзиниот надреден после овој сексуален скандал и наредил да го предаде лаптопот и идентификациската картица на Министерството и ја ставил под привремена суспензија.

Жената е обвинета за нанесување на штета на угледот на Министерството, додека нејзините адвокати го обвинуваат Министерството дека и наштетило на нејзиниот приватен живот со својата “одмаздољубива мерка“.

 

 
 
29.12.2016 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега