Во страшна железничка несреќа 7 лица го загубија животот - Уапсени двајца машиновозачи

Бугарски обвинител поднесе обвинение против двајцата машиновозачи на возот, во врска со несреќата од почетокот на месецот во која загинаа седум лица, а 29 беа потешко повредени.

Истрагата за тешката несреќа ја спровеле технички експерти кои утврдиле дека возот со голема брзина влегол во станицата во местото Хитрино, што предизвика возот да излезе од шините.

- Возот се движел со брзина од 78 километри на час, а дозовлено е 40. Тоа доведе да излета од шините, како и да се оштетат вагоните кои превезуваа течен гас и што потоа предизвика експлозија, изјави портпаролката на Обвинителството.

Ова Обвинителство наведе дека двајцата машиновозачи имаат долго професионално искуство и добро ја познаваат регулацијата, па со самото тоа знаеле дека ги кршат правилата поради што ќе им биде судено за злосторство со предумисла.

 
 
20.12.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега