Тлото повторно се тресе: Земјотрес од 5,3 степени во Грција

Умерен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска околу 8 часот, близу грчкиот остров Нисирос во Егејското Море, јавува грчката телевизија „Антена”.

Епицентарот е лоциран на 23 километри југозападно од островот, на длабочина од 105 километри. Потресот се почувствувал на островите Кос,Тилос и Астипалеа. Нема информации за настрадани и материјални штети.

Според Европскиот средоземноморски сеизмички институт, јачината на потресот била 5,5 степени по Рихтер

 
 
20.12.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега