Земјотрес од 5,5 степени - Балканот силно се тресе

Балканот и Европа ова утро се тресат. Овој вторник се регистрирани силни земјотреси, од кои последниот се случи пред околу еден час во Турција, со јачина од 5,5 степени по скалата на Рихтер. Потресот е со епицентар во Измир.

Повеќе потреси од 2 и 3 степени по Рихтер ова утро се регистрирани во Италија.

Синоќа се стресе и Албанија, по силниот потрес во текот на денот од 4,2 според Рихтер, следеше потрес од 3,4 степени според Рихтер.

Најсилниот потрес денеска се случи на Соломонските Острови и тоа со јачина од 6,7 степени според Рихтер.

Се надеваме серијата потреси ќе запрат.

 
 
20.12.2016 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега