ТАЖНА ВЕСТ: Почина и сопругот на настраданата учителка

Жолт Шолтиш (29) од Србобран, кој е тешко повреден во сообраќајна несреќа на 9 декември, во која почина неговата сопруга Андреа, почина на Ургентен центар во Нови Сад и покрај борбата на докторите.

Андреа и Жолт Шолтиш зад себе оставиле син кој има само година и пол.

Да потсетиме брачниот пар со својот автомобил (Форд фокус), од засега неутврдени причини, во утрински часови на пат за Нови Сад - Србобран, излета од патот во одводен канал каде се превртувале повеќе пати.

Андреа испаднала од автомобилот и на лице место починала, а Жолт кој се здобил со тешки телесни повреди се наоѓаше на Интензивна нега на Ургентен центар во Нови Сад, каде претходните денови лекарите се броеа за неговиот живот.

Младата учителка Андреа е погребана на 12 декември на гробиштата во Темерин, додека нејзиниот сопруг е погребан на 16 декември на католичките гробишта во Србобран.

 

 

 
 
18.12.2016 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега