Милитантна курдска група ја презеде одговорноста за нападите во Истанбул

Милитантната курдска група „Јастреби за слободата на Кудистан“ ја презедоа одговорноста за синоќешните експлозии во Истанбул, во кои се убиени 38 лица, а повредени 155.

Таа група, која се отцепи од Курдската работничка партија (ПКК), на својата Интернет страница напиша дека ја презема одговорноста за нападот.

Тие ја презедоа одговорноста и за повеќе други напади извршени во Турција во текот на оваа година.

Во двојниот бомбашки напад пред стадионот во Истанбул, загинаа 38 лица, меѓу кои 30 полицајци.

Турција денеска прогласи еднодневна жалост, а премиерот Бинали Јилдерим нареди знамињата да се спуштат на половина копје, пренесе Анадолија. 

 
 
11.12.2016 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега