ТРАГЕДИЈА: Експлодираше воз , има мртви и повредени

Четири лица загинаа, најмалку 25 се хоспитализирани, многумина од нив со тешки повреди, кога товарен воз кој превезувал течен нафтен гас излета од шините и експлодираше во селото Хитрино, во североисточна Бугарија, соопшти утрово бубарската полиција.

Во експлозијата уништени се и околу 20 објекти, пренесува Танјуг.

Според дел од бугарските медиуми, некои објекти се уште горат, зафатени од пожарот настанат од експлозијата, која се случи во 04.40 часот.

- Не очекуваме друга експлозија, а во тек е евакуација на луѓето од селото Хитрино, информира претставник на полицијата.

Како што се наведува, полицијата присилно ги евакуира луѓето кои одбиваат да заминат од своите домови.

На гаснењето на пожарот и потрагата по преживеани ангажирани се 150 пожарникари, а полицијата истражува како дошло до инцидентот

 
 
10.12.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа