Попладнево земјотрес од 4,5 степени во Грција

Умерен земјотрес со јачина помеѓу 4,3 и 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Пелопонез.

Според Институтот за геодинамика во Атина, земјотресот бил со интензитет од 4,3 степени и епицентарот бил во близина на крајбрежното село Метони.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала и неговиот епицентар бил на далечина од 21 километри од југозападниот брег на Метони. 

 
 
02.12.2016 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега