ДРАМА: Двегодишно детенце падна од болнички кревет и го скрши черепот

Белградската полиција покрена истрага во болницата во Белград откако вегодишно детенце падна од креветче и се здоби со скршеница на черепот.

Детенцето како што дознава српскиот портал Ало, има скршеница на черепот и крварење во мозокот. Инспекторите ги испитуваат околностите во кои детето паднало.

Малиот Ј.К. бил примен во болницата на 26 ноември, а вчера околу 13 часот паднало од креветчето и удрило на подот со главата. Медицинската сестра веднаш по падот го известила лекарот.

Докторите констатирале дека за среќа детенцето е свесно идека функциите му се во ред. Ј.К. веднаш бил транспортиран во Клиниката во Белград каде се грижат за неговото здравје.

 

 
 
01.12.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега