Крвава ДРАМА синоќа на породилно - повредена родилка

Незапаметена драма синоќа се одиграла во Универзитетскиот клинички центар во Република Српска во Бањалука.

31-годишен маж влетал во породилиштето и со нож нападнал родилка (32), со која бил во вонбрачна вркса. Како што е потврдено од повеќе извори нападот се случил околу 18:20 часот, а насилникот родилката ја исекот со нож на десната рака. По што избегал, но во 19 часот полицјата го пронашла и уапсила.

- „Насилникот е лоциран во близина на зградата на породилиштето. Кога ја видел полицијата повторно се дал на бегство, но брзо по интервенцијата на полициските служби е совладам и лишен од слобода“, раскажа извор.

По апсењето насилникот е претресен и кај него е пронајден нож за кој се верува дека е користен при нападот. Ножот одземен и ќе биде испратен на вештачење, а 31-годишникот е спроведен во полициска станица на понатамошни испитувања.

За целиот случај е известено Јавното Обвинителство во Бањалука кое случајот го квалифицирале како кривично дело насилство во семејството или семејна заедница, бидејќи напаѓачот живеел со жртвата во вонбрачна заедница.

 

 

 

 
 
30.11.2016 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега