Почина угословенскиот Џејмс Бонд - работеше за тајните служби, а почина како бездомник

Слободан Митриќ, познат како Карате Боб, поранешниот шпион на Јосип Броз Тито, починал во Амстердам на 69. години од животот. 

Митриќ во Холандија пристигнал во 1973. година, кога во Амстердам, за Божиќ убил тројца Срби поради што добил 13 години затвор. Иако полицијата официјално наведувала дека станува збор за пресметка на подземјето, Карате Боб, како што го нарекувале поради владеењето на таа боречка вештина, тврдел дека станувало збор за професионална задача на еден таен агент.

По издржувањето на затворската казна не се вратил во тогашна Југославија поради проценката дека би можел да биде убиен, но Холандија сепак го прогласила за "непосакуван странец". И покрај тешките животни прилики, практично без никакви права, 43 години останал да живее во Амстердам.

за време на издржувањето на затворската казна напишал мемоари кои холандските издавачи му ги објавиле под наслов "Тајниот агент на Тито" или "Geheim Agent Van Tito", а потоа објавил уште неколку интригантни наслови за подземјето и работата на тајните служби.

Во книгите бил претставен како југословенски Џејмс Бонд и во нив објаснувал дека за потребите на југословенската тајна служба убивал мети во земји од Источниот блок, Франција, Шведска и Белгија. Бил опишан и како маж пред чиј шарм жените не останувале рамнодушни.

Од смртта на неговата партнерка во 2006. година, холандските власти одбиле да му даваат било каква социјална помош, сместување и здравствена заштита. Кога министерот Герд Лирс одлучил во 2012. година да го депортира во Србија, Митриќ веќе боледувал.

Последните денови ги минал на таванот на една напуштена училишна зграда во источниот дел на Амстердам. Бил пронајден случајно во тешка состојба и пренесен во болница, каде набрзо и починал.

 
 
30.11.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега