Чудо на природата - Водопад што тече нагоре (ВИДЕО)

Видео снимка на хрватскиот водопадот Крчиќ, кој под влијание на силни удари на ветрот „тече нагоре“, стана хит на интернет.

„Водопад и одолева на гравитацијата“, е насловот на текстот објавен во рубриката специјализирана за туризам на страницата „Јаху Лајфстајл“, каде авторката детално објаснува каде точно се наоѓа Крчиќ и зошто вреди да се посети Националниот парк „Крка“.

- Ова е единствен водопад кој не тече цела година, во текот на летото пресушува, зимите може да се види како водата паѓа од 22 метри височина со сета во својата убавина. Хрватска е топ дестинација кога се во прашање водопадите, а голем број луѓе секоја година ги посетуваат и Плитвичките Езера, пишува авторката со објаснување дека силниот ветер ги подига капките на Крчиќ, со што се добива  впечаток дека „водопадот тече кон небото“

 
 
30.11.2016 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега