Земјотрес ја стресе Полска: Двајца загинаа

Двајца рудари загинаа во западна Полска, откако неколку окна во рудникот за бакар „Рудна“ се урнаа за време на слаб земјотрес што го погоди регионот доцна синоќа.

Полски медими јавуваат дека уште четворица рудари останале заглавени во рудникот, кој се наоѓа во југозападна Полска.

Јоланта Пјатек од компанијата за производство на бакар КГХМ изјави дека земјотресот се случил нешто по 21 часот на околу 1.100 метри под местото на рудникот „Рудна“ во Полковице.

Три спасувачки екипи се обидуваат да дојдат до затрупаните рудари.

Американскиот геофизички институт соопшти дека регистрирал земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала во 21:09 часот во регионот. Според Институтот, земјотресот се случил на многу мала длабочина од само десет километри.

Според полските власти меѓутоа земјотресот бил на длабочина од 1.500 метри.

 
 
30.11.2016 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега