Ужас: Полураспаднато тело на жена пронајдено во шума

Безживотното тело на шеесет и три годишната В.Р. од Нови Сад е пронајдено во шума во селото Златариќ, во близина на Ваљево, Србија.

Како што дознава српски Телеграф, телото на жената, кое било во полураспадната состојба, го пронашле локалните жители, кои тргнале да сечат дрва. Полицијата од Ваљево утврдила дека се работи за самоубиство, а несреќната жена си го скратила животот со бесење.

Несреќната жена му оставила проштално писмо на синот кој живее во Ваљево, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило на почетокот на месецот.

 

 

 

 
 
28.11.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега