Не го слушнал свирењето: Воз прегази маж

Воз удри во 62 годишен маж во населбата Горич на периферијата на Ваљево, но успеа да ја преживее несреќата.

М.Ј. од селото Попучка поминувал низ пругата, кога го удрил патничкиот воз кој патувал на линијата Белград - Ваљево.

Се претпоставува дека М.Ј. не ја слушнал свирката на возот, но за среќа со едниот дел на телото се наоѓал надвор од шините, така што не е усмртен на лице место.

Тој давал знаци на живот кога на лице место пристигнале од Брзата помош, па одма е пренесен во Општата болница каде се наоѓа на интензивна нега и според зборовите на лекарите неговата состојба во моментов е стабилна.

 

 
 
26.11.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега