Пронајдено безживотно тело на полицаец

Безживотното тело на припадник на косовската полиција од српска националност, кој како што се претпоставува извршил самоубиство, пронајдено е денеска во селото Пуповце на северот на Косово.

Регионалниот шеф на Косовската полиција Жељко Бојиќ за српски Телеграф изјави дека безживотното тело на К.П. е пронајдено во близина на куќата на настраданиот полицаец и дека се претпоставува дека во прашање е самоубиство.

Бојиќ додал дека несреќниот случај се случил утринава околуу 11 часот и дека телото на полицаецот ќе биде префрлено на одделението за судска медицина во Приштина. 

Истрагата во врска со овој случај е во тек.

 

 
 
25.11.2016 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега